Додик: Во БиХ само Нова година нѝ е заедничка!

Фото: Профимедиа

Се чини дека и по повеќе од две децении од БиХ не се задоволни ниту политичките претставници на ентитетите како конститутивни елементи на државата, а по се изгледа уште помалку и граѓаните, иако таков термин не е каратеристичен за оваа во суштина сепак поделена земја.

Последната Декларација донесена од страна на најмоќната бошњачка партија СДА која  повика на воспоставување на Република БиХ како граѓанска држава, составени од региони, ја крена тензијата до степен на „закана од војна“. Имено по војната БиХ, според Дејтонскиот договор е конституирана како зедница на Ентитети а не како граѓанска држава. Така е и според уставот.

Затоа на Деклрацијата веднаш реагирше Милорад Додик српскиот претставник во Претседателството на БиХ, дека одговорот на Република Српска би можел да биде „афирмирање на правото на самоопределување на Србите“, што конкретно значи отцепување на Република Српска од БиХ. Овој став на Додик е познат од поодамна, но се чини дека ниту Декларцијата на СДА не оди подалеку од тенденцијата за растурање на заедничката држава во која како што вели Додик: „Босна ја држи заедно само меѓународната заедница. Ние немаме ништо заедничко, ниту еден датум, ниту еден настан. Ние сме два света. Се она што за едни е промоција за другите е комеморација. Таму само Нова година и Денот на победата се заеднички!“

За некои овој потез на СДА е и анти српски но и антихрватски. Но и обратно дека Декларацијата е одговор не само на тенденциите на Република српска за отцепување, туку и на најавите на Хрватската демократска заедница во БиХ и на Хрватскиот народен собор за заживување на т.н. Република Херцег Босна.

Бакир Изетбеговиќ имајќи предвид дека Хрватите и Србите зад себе ја имаат подршката на своите „матични држави“ својата позиција сака да ја зајакне со улогата на Турција како голем регионален играч. Еднаш изјави дека неговиот покоен татко Алија пред смртта на сегашниот претседател на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја доверил улогата на своевиден старател на БиХ.

За Додик оваа декларција на Бакир Изетбеговиќ е само продолжување на исламската декларцаија што ја напиша своевремено неговиот татко Алија Изетбеговиќ. „Ова не е декларција само на СДА“, вели Додик туку е општомуслиманска декларација.

За повеќето српски аналитичари таа е опсасна затоа што ги содржи сите елементи на објава на војна.

За таквата можност говори и Додик во интервју за РТС во која хипотетчки го објаснува можното сценарио за конфликт доколку тие прогласат отцепување:

„ Еве хипотетички да кажам РС е самостојна…што можат да ни направат (шта може да се деси..),
еве на пример да се донесе одлука за интервенција на војската..тоа не може да се случи без мое учество во одлуката, со која полиција може Бакир ИзетбеговиЌ да удри на РС кога во Дејтонскиот догоров пишува дека полицијата од еден ентитет не може да помине во друг без согласност …во таква ситуација ние би ги запоседнале нашите линии и тоа би се држело. Но тоа е екстремна ситуација .. Единствено можно таму до насилство да дојде е ˆ‘ако се земеша НАТО, друг начин нема“.

НО САД веднаш си го кажа својот став по однос на Декларацијата на СДА и по однос на најавите на Додик за отцепување: „Таквата реторика го забавува напредокот на БиХ кон евроатланските интеграции и членството на БиХ во ЕУ, ја поткопува стабилноста ,“ наведуваат од амбасадата и нагласуваат дека ставот на САД е јасен и непроменет. „Ни Дејтон ни Уставот не му нудат на ниеден ентитет право на отцепување. Постоењето на секој ентитет во потполност зависи од постоењето на БиХ“, велат во пораката од Амбасадата на САД.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот