Додик: Укинување на вонредната состојба во Република Српска до 20 мај

Милорад Додик / Фото: ЕПА

Тој оцени дека за време на вонредната состојба се работело добро и одговорно.

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека извршниот комитет на неговата партија побарал од Владата на Република Српска да разгледа укинување на вонредната состојба и тоа да биде направено до 20 мај.

– Верувам дека вонредната состојба ќе биде укината и оти животот ќе се врати во нормала – изјави Додик.

Тој оцени дека за време на вонредната состојба се работело добро и одговорно.

Тој информира дека по укинувањето на вонредната состојба ќе биде укинат и полицискиот час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот