ВИДЕО: Додик сослушан во Обвинителството на БиХ поради сомнителна икона што му ја подарил на Лавров

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, денеска мораше да се јави во Обвинителството на БиХ во Сараево, а според локалните медиуми, тој сведочел како дел од истрагата за сомнителното потекло на икона подарена на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.  

Шефот на украинската дипломатија Кулеба: Додик лаже, иконата е украдена, бараме да биде вратена

Додик се обиде од страничен влез да влезе во седиштето на Обвинителството на БиХ, каде што мина околу еден час, но медиумите сепак го регистрираа и објавија. 

Додик е главниот актер во „аферата со икони” кога на 14 декември минатата година, за време на посетата на БиХ, тој му подари икона на рускиот министер Лавров како личен подарок, што се покажа дека е регистрирана како украински имот во дваесеттите години на минатиот век. Прашањето како иконата стигнала до БиХ остана без јасен одговор, а Додик објасни дека е сопственост на член од семејство кој му ја дал. 

Додик проговори за украинската икона: Јас лично ќе ја вратам

– Не го знам ниту името на човекот кој ми ја даде иконата, само помислив дека може да биде убав гест, е објаснувањето што го понуди јавно Додик, избегнувајќи јасно да одговори на бројни прашања.

ВИДЕО I Тлото не се смирува: Уште еден земјотрес ја тресеше Италија, во Хрватска расте бројот на жртвите

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба остро реагираше со изјава дека Додик лаже истакнувајќи оти иконата е украинска.

Рускиот министер Лавров на 24 декември минатата година ја врати иконата во амбасадата на БиХ во Москва.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот