Додик со благодарност до Макрон бидејки признал дека БиХ е опасност за ЕУ

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска изјави дека му е благодарен на францускиот претседател Емануел Макрон за неговата изјава дека БиХ е „темпирана бомба” и претставува опасност за Европската Унија поради исламскиот тероризам.

– Му благодарам на претседателот Макрон што на светската, но и на својата јавност му ја соопшти вистината на која подолго време укажувам, кога е во прашање БиХ, а поради што трпев критики од некои од меѓународната заедница, на кои не им одговараше вистината за состојбата во БиХ, истакна Додик за српската новинска агенција ТАНЈУГ.

Тој посочи дека Макрон признал дека уредувањето на БиХ претставува опасност за ЕУ поради исламскиот тероризам и џихадистите кои се регрутирани во БиХ а војувале во Сирија, Ирак и други земји и сега се враќаат во земјата.

– Западот долги години ги охрабруваше сараевските хегемонистички и централистички кругови, што доведе до тоа БиХ да стане целосно дисфункционална заедница по поткопувањето на Дејтонскито договор односно дејтонското уредување, додека силата на дејствување на сараевските политички кругови отиде во целосен исламистички екстремизам, посочи Додик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот