Додик: Ситуацијата во БиХ е најтешка од времето на Дејтонскиот мировен договор

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Тој информира дека во наредните денови ќе има разговори за предложениот закон со претставници на политичките партии во Република Српска и Федерацијата БиХ.

Српскиот член на Претседателството на БиХ и лидер на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денеска изјави дека сегашната состојба во БиХ е една од најтешките и најделикатните од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година.

Додик по седницата на Извршниот комитет на СНСД рече дека неговата партија ќе го стави Законот за Уставен суд на БиХ во редовна парламентарна постапка, чија примарна цел е да ги разреши странските судии.

Тој информира дека во наредните денови ќе има разговори за предложениот закон со претставници на политичките партии во Република Српска и Федерацијата БиХ.

– Треба да се зачува единството. Ова е една од натешките и најделикатните ситуации за Република Српска по Дејтон, рече Додик.

Според него, со последната одлука на Уставниот суд се задира во имотниот статус на РС со цел, во догледно време, според неговата оценка, да се „почне со елиминација на Република Српска, на нејзиното име и суштина”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот