Додик ретерира во ставовите, тврди дека нема намера да ја дестабилизира БиХ

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

„Остануваме посветени на уставниот поредок на БиХ, кој е составен од два ентитета и три суверени народи. Република Српска, исто така, инсистира другите во БиХ да ги почитуваат Дејтонскиот договор како што е напишано без никакви слободни толкувања што ја доведоа БиХ во ќор-сокак. изјави членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик.

Додик појасни дека Република Српска е посветена на зачувување на мирот, стабилноста и уставниот поредок на федерацијата

„Нашиот повик е повик за зајакнување на уставниот патриотизам, кој треба да го продолжи животот на БиХ, составена од два ентитета и три суверени народи“, додаде Додик.

Тој сепак останува на ставот дека Бања Лука не го признава ниту пак прифаќа одлуките на високиот претставник во БиХ и дека вчерашната седница на ОН ја гледа како потврда за тоа.


Советот за безбедност на Обединети нации синоќа усвои резолуција за Босна и Херцеговина, со која се продолжува мандатот на мисијата на ЕУФОР. но во новата резолуција не се споменува Канцеларијата на Високиот претставник (ОХР).

Ова беше издејствувано од страна на двете постојани земји членки на Советот, Русија и Кина кои се заканија дека доколку му се дозволи на меќунаордниот преставник на Босна и Херцеговина да се обрати, тие ќе стават вето на продолжувањето на меѓународната мисија во БиХ

Резолуцијата 2604, со која мандатот на Мисијата на Европска Унија во БиХ е продолжен за една година, беше поддржана од сите 15 земји-членки на СБ.

Амбасадорот на БиХ во ОН, изјави дека неговата земја се наоѓа во најголема криза од завршувањето на војната во 1995 година и ги обвини властите во Република Српска за „суштинско поткопување” на Дејтонскиот договор.

Сепак доколку не беше усвоена нова резолуција, мандатот на ЕУФОР ќе завршеше утре.

Но Кина и Русија го блокираа настојувањето на меѓународниот преставник во Сараево Кристијан Шмит да се зголеми бројот на припадници на  мисијата ЕУФОР под образложение дека земјата се наоѓа на раб од граѓанска војна за која е виновен српскиот енитет во Босна и Херцеговина предводен од Милорад Додик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот