Додик: Република Српска нема план за отцепување

Милорад Додик
Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска во Сараево се сретна со високиот политички советник на американскиот државниот секретар Ентони Блинкен, Дерек Чолет, објави РТРС.

На прес-конференција, Додик изјави дека на средбата се разговарало за ситуацијата во Босна и Херцеговина и дека Република Српска останува посветена на Дејтонскиот мировен договор.

Тој додаде дека, во разговор со Чолет, бил дециден дека Република Српска е посветена на политиката на мир и дека не е подготвена да спроведува активности кои ќе го загрозат мирот, но дека другите двајца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, како што рече, упорно инсистирале на можности за конфликт и војна.

– Република Српска инсистира другите во Босна и Херцеговина да го почитуваат Дејтонскиот мировен договор, а тоа го очекуваме и од меѓународните заедници и од меѓународниот фактор којшто е вплеткан во внатрешните работи на Босна и Херцеговина, рече Додик.

Тој посочи дека Република Српска го почитува надворешниот суверенитет, но и внатрешниот територијален интегритет и уставен поредок на Босна и Херцеговина која е составена од два ентитета и три конститутивни народи.

– Ја почитуваме правната рамка на Босна и Херцеговина, која е предвидена со Дејтонскиот договор, ќе ја продолжиме правната борба за почитување на Уставот, рече Додик.

Додик на прес-конференцијата сподели дека му рекол на Чолет дека Република Српска нема никаков план за отцепување, како што некои се обидуваат да ѝ припишат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот