Додик: Република Српска ќе прогласи независност доколку Шмит го наметне законот за имот

Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Претседателот на Република Српска Милорад Додик, денеска најави дека РС ќе прогласи независност, доколку високиот меѓународен претставник во БиХ, Кристијан Шмит, го наметне законот за имот.

„Ќе одиме во Народното собрание на Република Српска и ќе донесеме одлука за независноста на Република Српска“, изјави Додик во Прњавор.

Изјавата е одговор на новинарско прашање да ги коментира информациите дека Шмит подготвува закон за имот и како ќе реагира Република Српска во случај да се наметне таков закон.

Додик претходно изјави дека смета оти прашањето за имотот е решено со Дејтонскиот договор и дека недвижен имот им припаѓа на субјектите, а не на државата Босна и Херцеговина и ја отфрли можноста Парламентот на Босна и Херцеговина да донесе закон за државна сопственост

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот