Додик проговори за украинската икона: Јас лично ќе ја вратам

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик по одлуката на лекарите за неговата состојбата откако се бореше со коронавирусот, е отпуштен на домашно лекување.

На прес-конференција, откако зборуваше за неговата состојба и како поминале неговите денови во болницата, тој одговори и на прашања поврзани со иконата, која тој му ја поклони на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Додик рекол дека „се е измислено во Федерацијата БиХ“.

– Украина никогаш не постави прашања за исчезнувањето на таа икона. Станува збор за фамилијарна икона. Ниту ден денес, властите на Украина не ја бараа таа икона. Амбасадорот на Украина зборуваше на основа на медиумските извештаи, на основа на лаги. Иконата е тука, господинот Лавров сметаше дека треба да ја врати. Таа е сега тука и јас сега, немав можност, мислам дека ви е јасно заради што, ќе ги повикам луѓето кои ми ја дадоа таа икона и јавно ќе им ја вратам, а тие нека ги објаснуваат останатите работи, изјавил Додик.

Додик рекол дека „болните амбиции да се задржи оваа тема е за да се покријат срамните потези на Жељко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ.“

Извор: Телеграф.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот