Додик продолжува да го навредува меѓународниот претставник за БиХ: Шмит е фашистичко ѓубре

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик го нарече високиот претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит „фашистичко ѓубре“, го обвини Западот за сите проблеми што ги има и ги пофали источните сили како единствени посакувани партнери.
Додик со месеци тврди дека Шмит не е законски назначен висок претставник за Босна и Херцеговина, бидејќи назначувањето спроведено од Управниот комитет на Советот за спроведување на мирот (ССМ) не беше потврдено од Советот за безбедност на ОН. Токму во овј факт Додик гледа можност јавно да го навредува Шмит.

Најнова, во серијата навреди, Додик ја даде во интервјуто за ентитетската новинска агенција Срна, каде го окфалификува меѓународниот претставник како следбеник на фашистите и ѓубре.
„Тој е фашистичко ѓубре што дојде овде да ни раскаже некаква приказна“, рече Додик, кој наскоро ќе мора да оди на суд токму затоа што одбива да ги почитува одлуките на високиот претставник.
Тој го коментираше овој факт велејќи дека верува во судот и судството во кои судиите и обвинителите се муслимани.

Додик, како и повеќето негови најблиски соработници, е под санкции од САД и Велика Британија поради спроведување на сецесионистичката политика и загрозување на стабилноста на БиХ, а сега вели дека тоа е доказ дека најмоќните западни земји водат анти -Српска политика, поради што и треба Република Српска да се сврти кон исток.
„Кога некој ќе ви подаде рака од Запад, тогаш знајте дека тоа е измама. Кога ќе ви подадат рака од Истокот, знајте дека договорот ќе се реализира“, изјави Додик.
Додик себе си се спореди со поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, тврдејќи дека и двајцата биле и остануваат на удар затоа што ги бранат Србите и Србија, додека пак опозицијата ја опиша како квислиншка.
„Како што во владата на НДХ и Анте Павелиќ имаше Срби кои беа генерали на усташката војска која изврши геноцид врз Србите, така и денес ја имате Партијата за демократски напредок (ПДП) и други“, рече Додик, обвинувајќи ја опозиционата српска партија во Република Српска дека води политика за национално предавство.
Тој ги повика Србите да се однесуваат како да се уште трае косовската битка, а за Хрватите и Бошњаците рече дека „не му пречат“ доколку ја чуваат својата национална и верска ја држат како лична приватност.
„Тие треба да ги имаат сите права, дури и овде во Бања Лука. Верата е нивна приватна работа и се додека е така – тоа е во ред. Но, не е во ред тој идентитет да се наметнува“, порача Додик.