Додик: Одлуката на Загреб е неприфатлива и не е добра за односите меѓу Хрватите и Србите

Милорад Додик
Милорад Додик / EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик денеска ја оцени одлуката на властите на Република Хрватска за забрана на доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ во Јасеновац како неприфатлива и лоша за идните односи меѓу двата народа.

„Србите и Хрватите имаа тешко минато. И едните и другите заслужуваат подобра иднина. Начинот на кој дејствуваа хрватските власти не е гаранција за таква иднина“, рече Додик.

Хрватската влада не дозволи приватна посета на српскиот претседател на Јасеновац. Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска, во образложението на забраната соопшти дека Хрватска не била официјално информирана за можната посета, но и дека посетата на висок претставник на странска држава на Јасеновац не може да биде од приватен карактер.

„Регионалната соработка и добрососедските односи не се градат со забрани туку со подадена рака. Затоа одлуката на хрватските власти е неприфатлива и несфатлива“, рече лидерот на босанските Срби.

Тој додаде дека Вучиќ е првиот претседател на Србија кој за време на неговиот мандат изразил желба да положи венец во Јасеновац и дека бил запрен во таа намера.

Вучиќ планирал покрај Јасеновац да го посети и Пакрац, а за тоа усно го информирал лидерот на СДСС Милорад Пуповац.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот