Додик обвини дека Бошњаците го пишувале извештајот на Шмит- Русија го замолкна меѓународниот преставник за БиХ

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

За српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, одлуката на Советот за безбедност високиот меѓународен преставник Кристијан Шмит, да не се обрати пред Советот за безбедност на ОН не е изненадување,

Шмит кој како висок претставник не е признат во Република Српска, не може да се обрати рпед најголемото светско безбедносно тело бидејќи за неговото наименување висок претставник во БиХ. немаше согласнот од Русија и од Кина

„Беше очекувано на следните седници да не се појави некаков висок преставник за БиХ или негов извештај. Но, некои се однесуваат нелогично и мислат дека сега треба да го стават високиот претставник на разгледување во Советот за безбедност на ОН и да достават некој фиктивен извештај кој е полн. со лаги и невистини“, изјави Додик.

Додик тврди дека извештајот на Шмит, , „го напишале муслиманите во Сараево и нивната разузнавачка служба“, а Шмит само го потпишал.

Советот за безбедност на ОН синоќа го усогласи текстот на Резолуцијата со која не се одобрува обраќањето на Шмит, ниту пак ќе се споменува меѓународниот преставник за продолжување на мандатот на ЕУФОР во БиХ.

Во својот извештај, високиот претставник Кристијан Шмит предупредува дека БиХ е во непосредна опасност од распаѓање и дека постои „многу реална” можност за нови конфликти. Но по интервенција на Русија тој беше тргнат од дневниот ред за обраќање пред амбасадорите на највисокото безбедносно тело на светската организација

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот