Додик: Не смееме да бегаме од интеграцијата со Србија, другите нека се лутат колку сакаат

Фото: Профимедиа

Додик во говорот Република Српска ја опиша како христијанска република која има своја република, тела на власт и народ кој е близок во Србија.

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека ништо не може да го запре процесот на интеграцијата на Република Српска со Србија, а српската премиерка Ана Брнабиќ истовремено вети продолжување на поддршката од страна на Белград на властите во Бања Лука.

-Не смееме да бегаме од нашата интеграција со Србија. Другите нека се лутат колку сакаат. Ние имаме право на тоа – рече Додик во говор кој го одржа во Бања Лука по парадата по повод празникот „Ден на РС“, иако Уставниот суд на БиХ го укина овој празник и го прогласи за неуставен.

Додик во говорот Република Српска ја опиша како христијанска република која има своја република, тела на власт и народ кој е близок во Србија. Тој најави дека народот еден ден ќе одлучи за осамостојување на сегашниот босански ентитет.

Претседателката на владата на Србија, Брнабиќ која во Бања Лука допатува заедно со министерите за одбрана, Александар Вулин и за надворешни работи, Небојша Стефановиќ најави дека Белград ќе продолжи да ја поддржува РС.

-Влегуваме во уште една нова ера на поддршка на народот во РС – рече Брнабиќ, која најави финансиска помош за Србите и во другите држави.

Според неа, Србија, која е матица на сите Срби, каде и да живеат, е синоним за мир, стабилност и безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот