Додик не отстапува: Најава за тужба од БиХ против Хрватска за сместување на нуклеарен отпад на Трговска Гора

Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK HUNGARY OUT

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека земјата нема да се откаже од поднесување на тужба против Хрватска, доколку Загреб не се откаже од намерата за на нуклеарен отпад на Трговска Гора, покрај босанската граница.

Тој оцени дека Советот на министри на БиХ, конечно, треба да формира експертски и правен тим за решавање на тоа прашање.

– Конечно дојде до одлука за формирање на експертски и на правен тим, иако претходно министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ тоа го одолговлекуваше, истакна Додик.

Додик потсети дека во март минатата година, кога влегол во Претседателството на БиХ, на првите владини седници биле усвоени заклучоци дека не може да се сместува нуклеарен отпад на Трговска Гора, но и дека е неопходно во тоа да се вклучат органи на БиХ.

Тој нагласи дека нема да се двоуми за поднесување на тужби до која било судска инстанца во светот, доколку не се постигне договор со Хрватите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот