Додик на средба со Пендаровски, ќе му биде доделен и орден

Фото: Профимедиа

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик денеска и утре престојува во Скопје.

Тој денеска во 17 часот ќе одржи средба со претседателот Стево Пендаровски, а потоа ќе присуствува на Светосавската академија, каде ќе му биде доделена Светосавска повелба за „Значаен придонес во афирмацијата на српското национално прашање во регионот и за значаен придонес за заштита на Србите и српската култура и традиција во Македонија”.

На академијата предвидено е да имаат обраќање заедно со премиерот Оливер Спасовски. Додик останува и утре во Македонија – ќе го посети селото Кучевиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот