Додик: На Ѓукановиќ не му беше паметно да започне конфликт со СПЦ

Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик му порача на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ дека Српската православна црква (СПЦ) и српскиот народ во Црна Гора постоеле пред него и другите кои се обидуваат на сила да го избришат српското име.

– Сега можам слободно да кажам дека ова е државна политика на Црна Гора. Ако претседателот на Црна Гора го објави ова како цел, тогаш е јасно дека станува збор за спроведување на државната политика. Затоа сега е наша обврска, сите ние што сме претставници на српскиот народ, да ја докажеме погубноста на таа политика за сите нас, и заедно да застанеме во одбрана на српскиот народ и Српската православна црква, изјави Додик.

Тој наведе дека станува збор за опасна намера на Ѓукановиќ да изгради нова црква од ресурсите на српскиот народ, оценувајќи дека е попаметно Црна Гора да изгради соработка со Српската православна црква.

– Нашата црква во Црна Гора никогаш не ја оспори државноста на Црна Гора. Тоа е причината зошто сега градењето непријатели со српскиот народ и Српската православна црква се чини дека е единствениот излез за црногорската влада да зачува концепт што нема вистинска поддршка кај народот, заклучи Додик

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот