Додик на 20 септември на гости кај Путин во Москва

Додик и Путин
Милорад Додик и Владимир Путин на средба во Москва/ Фото EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, на 20 септември во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Бета.

– Тоа е потврда за добрите односи во континуитет. Засега се знае дека теми на разговор ќе бидат политичките и економските односи, изјави за агенцијата Срна Душко Перовиќ, шеф на Претставништвото на Република Српска во Москва.

Перовиќ потврди дека средбата на Додик со Путин ќе се одржи на 20 септември, наведувајќи дека рускиот претседател „секогаш се залагал за строго почитување на Дејтонскиот договор”.

Средбата на Додик со Путин ќе се одржи 12 дена пред општите избори во БиХ, на кои тој е кандидат за претседател на Република Српска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот