Додик ќе ги викне во помош своите „пријатели“ доколку НАТО интервенира на територијата на Република Српска

Милорад Додик / Фото: ЕПА

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека Република Српска има намера да се бори за своите цели со политички средства, но дека е подготвена и за вооружени конфликти доколку е потребно и дека ќе побара помош од „пријателите“.

„Доколку е потребно, ние ќе се браниме со нашите сили. Ако дојдат да кажат дека НАТО ќе интервенира, ние ќе побараме помош од нашите пријатели кои јасно и гласно ни рекоа дека никогаш не ги оставаат своите пријатели на цедило“, рече Додик за Радио и телевизија Република Српска (РТРС), но притоа не посочи на кои точно „пријатели“ се однесува неговата изјава

Фото: Министерство за внатрешни работи на Република Српска

Додик посочи дека интервенциите на НАТО на територијата на Република Српска би биле чин на „агресија“ и тогаш, како што рече, ќе има право да ги повика своите пријатели да ги заштитат.

„Не сакаме ескалација на проблемот. Ова е политичко прашање и политичка борба. „Тука се донесуваат политички, а не воени одлуки“, рече Додик, зборувајќи за неговата иницијатива РС да ја повлече својата согласност за формирање повеќе институции на државно ниво, вклучувајќи го и постоењето на Вооружените сили на БиХ.

Околу актуелната ситуација на Косово, српскиот член на ротирачкото претседателство на Босна и Херцеговина ја гледа одговорноста кај меѓународната заедница за ескалација на конфликтот во северно Косово

Запалено службено возило на улиците во Косово / Фото: Принтскрин

Додик рече дека нападот врз Србите на северот на Косово, што го извршија силите под контрола на Приштина, ги вознемирува и ги иритира сите региони и области каде што живеат Срби.

„Ваквото однесување нема оправдување, и ако меѓународната заедница не го спречи бесот на косовската полиција, таа ќе биде одговорна за се она што може да се случи во иднина“, предупреди Додик

Тој оцени дека Србија и Србите не направија ништо за да создадат непријатни сцени на северот на Косово, како и дека ова е последна шанса Приштина да прекине со провокациите.

Видео на денот