Додик: Ќе ги стимулираме нашите момчиња да одат во Србија, да го отслужат воениот рок и да се вратат во Рeпублика Српска

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, рече дека бараат начин како младите од тој ентитет да ги вклучат во редовниот воен рок во Србија.

„Преку одредени решенија ќе ги стимулираме нашите момчиња да заминат во Србија, да го отслужат воениот рок и да се вратат во Србија. Ќе видиме како ќе им обезбедиме побрзо вработување или друг вид на привилегии и поддршка на младите кои го прифаќаат ова“, изјави Додик за „Вечерње новости“.

Тој оцени дека позицијата на Србија како „воено неутрална и слободољубива земја е единствената можна, но дека е важно да се зајакне нејзината армија“.

Додик истакна дека Република Српска се грижи Србија „да ја зајакне својата воена моќ и да биде способна да ги одврати сите воени сојузи, вклучително и НАТО, од какво било мешање“.

„Раководството на Србија и претседателот Александар Вучиќ ја имаат мојата апсолутна поддршка. Тоа е одговорен тим кој ги мери сите најважни национални и државни прашања и врз основа на тоа носи одлуки“, заклучи Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот