Додик ја искористи епидемијата за да ги засили границите меѓу Република Српска и Федерацијата: „Тоа нема врска со политика“

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик најави во средата дека властите во Република Српска (РС) ќе воведат сопствени проверки на граничните премини и на полициските пунктови на линијата на раздвојување со Федерацијата БиХ, оправдувајќи го чекорот како потребен во борбата против ширење на коронавирусот.

– Постојат податоци дека пропишаните мерки за строг надзор на државната граница се кршат – рече Додик во интервју за РТРС.

Констатираше дека претседателството на БиХ е неодлучно во тоа кои додатни мерки да ги преземе и затоа РС треба сама да реагира и да донесе свои мерки.

Понатаму посочи дека не може да биде сигурен ниту во граничната полиција на БиХ, ниту пак во телата на властите на државно ниво.

– Тоа е толку опасно што РС мора да го регулира прашањето на својата самоодбрана – рече тој.

Затоа, наскоро на секој меѓународен граничен премин кој инаку го контролира граничната полиција на БиХ ќе има и пункт на полицијата на РС, чии припадници ќе спроведуваат свои дополнителни контроли на робата и патниците.

„Тоа нема врска со политиката, туку во борбата против вирусот“, констатираше тој.

Најавата на Додик за контролни мерки е без преседан во поствоената историја на БиХ, бидејќи со Дејтонскиот договор е утврдено на меѓуентитетската линија на раздвојување мора да постои апсолутна слобода на движење и не смее да има никаков надзор поради тоа што тоа не е никаква граница, туку административна линија која ја означува внатрешната организација на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот