Додик: Изборот на Советот на министри е завршена работа

Фото: Профимедиа

Српскиот член на претседателството на БиХ Милорад Додик изјави дека изборот на Советот на министри е завршена работа и дека останува само технички да се спроведе.

Додик истакна дека има мнозинство за избор на Советот на министри во Претставничкиот дом на БиХ и изрази уверување дека новиот состав ќе биде изгласан за еден или два часа од почетокот на седницата.

Специјална седница на Националното собрание на Република Српска ќе се одржи утре во Бања Лука, но само откако ќе биде избран новиот Совет на министри на БиХ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот