Додик: Или БиХ доследно ќе го почитува Дејтонскиот договор или ќе се распадне

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Претседавачот на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави денес дека Босна и Херцеговина или доследно ќе ги почитува одредбите на Дејтонскиот мировен договор или мирно ќе се разиде, бидејќи трето не е возможно.

Тој кажа дека е неопходно за тоа да се изјаснат оние на кои таа одлука директно се однесува, а тоа се БиХ, Србија и Хрватска, како и ентитетите Федерација БиХ и Република Српска, кои единствени, според одредбите на Дејтонскиот договор, може да бараат поставување висок претставник кој би бил именуван со релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН.

Коментирајќи ги најавите дека наскоро ќе биде именуван нов висок претставник за БиХ, Додик оцени дека според пропишаната процедура досега само Карл Билт бил избран законски.

„Имајќи превид дека РС не бара во БиХ да дојде нов висок претставник, уште сега можам да кажам дека тој, доколку дојде, би дошол незаконски, спротивно на одредбите“, кажа тој, според него, поради сето тоа за ова прашање треба да се изјасни Народното собрание на РС, како единствено релевантно место на кое етнитетот може меродавно да ги разгледува прашањата од најголема важност за својата иднина.

„Високите претставници сите претходни години вршеа кривични дела интервенирајќи на Дејтонскиот договор, на што немаа право, во добра мера го суспендираа дијалогот, неуставно и неовластено го менуваа уставот на БиХ, како и уставите на РС и Федерацијата БиХ, ги кршеа човековите права и со своето дејствување нè доведоа до точка кога на сите им е јасно дека за сите овие години таа институција произведе толку штета што ние сега се занимаваме со последиците на нивното дејствување, а не со европските цели и задачи“, кажа Додик.

Наведе и дека „ако меѓународната заедница мисли дека може селективно да ги применува одредбите од Дејтонскиот договор“, тогаш на политичарите на БиХ им испраќа порака дека тој договор го „гледаат како шведска маса, од која секој зема што му се допаѓа“.

„Затоа мислам дека ова е клучниот момент во кој мораме да се избориме за суверенитетот на РС и правото да одлучуваме, бидејќи за тоа сме избрани. Сè друго ја води БиХ кон распад. Сега сме пред изборот – или доследно ќе ги почитуваме одредбите на Дејтонскиот мировен договор или мирно ќе се разидеме. Ништо трето повеќе не можно“, истакна Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот