Додик: Херметичкото затворање на границата со Хрватска за мигрантите е проблем за цела БиХ

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, по повод ветото кое го вложи околу ангажирање на Фронтекс на границите на БиХ, дека целта е да се реши мигрантската криза, а не да се продлабочи.

– Втората точна на дневниот ред на последната седница на Претседателството на БиХ беше ангажирање на Фронтекс на границите на БиХ. Тоа се случуваше забрзано, не беше доведено до крајот. Комшиќ тоа, од негови причини, го стави на забрзан дневен ред. Јас реков дека на Фронтекс треба да им се понуди да се распоредат на границата со Црна Гора, но тој рече дека се потребни на границата со Хрватска – рече Додик за РТРС.

Нагласи дека тоа би го оставило мигрантскиот проблем во БиХ.

– Јас не верувам дека тоа е проблем само за Република Српска, ако херметички ја затворите границата кон Хрватска за мигрантите, туку и за цела БиХ – порача Додик.

Тој истакна дека за мигрантската криза треба да се разговара со европските структури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот