Додик: Гудбај БиХ, велком РС-егзит

Милорад Додик / Фото: ЕПА

Не смееме да се двоумиме да донесеме одлуки што се важни за нашата иднина. Овој пат, ние сме сериозни и нема да прифатиме какво било друго движење, рече Додик.

Гудбај БиХ, велком РС-егзит (Goodbye BiH, welcome RS-exit), изјави денеска српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик на почетокот на обраќањето на специјалната седница на Националното собрание на Република Српска.

Тој нагласи дека Парламентот на Република Српска е клучното место за сите одлуки и дека само тој може да зборува во име на народот.

– Не смееме да се двоумиме да донесеме одлуки што се важни за нашата иднина. Овој пат, ние сме сериозни и нема да прифатиме какво било друго движење, рече Додик.

Тој потенцираше дека Република Српска и српскиот народ немаат никаква шанса во БиХ, затоа што „тие се сметаат за категорија што Сараево и Бошњаците не ја прифаќаат, што ја мразат и сакаат да ја уништат, и дека бошњачките политичари се убедени дека дојде моментот за конечно соочување со српскиот народ”, пренесува РТРС.

Тој додаде дека нивното верување дека странците ќе ја спасат БиХ е наивно и дека Српска нема друго решение освен да се води од своите интереси.

Додик исто така рече дека денешната седница е свикана „затоа што српскиот народ бил измамен”.

– Тие се обидуваат да нè направат помалку вредни, бидејќи сметаат дека само тие знаат што е добро за нас. За Уставниот суд веќе се е кажано. Овојпат судот отиде подалеку и си даде право да донесува одлуки и да префрлува имот на БиХ, што не и припаѓа, рече Додик.

Тој оцени дека многумина на Западот мислат дека Српска не е способна и подготвена да се грижи сама за себе.

Додик им се заблагодари на лидерите на сите политички партии за посветената работа и подготвеноста да ја надминат нетрпеливоста во одбрана на интересите на Српска.

– Се гледаме за 60 дена, верувам дека ќе бидеме во она што го кажав на почетокот, истакна Додик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот