Додик: Границата меѓу Република Српска и Федерацијата БиХ е меѓународно призната и дефинитивна

Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави денеска дека границата меѓу Република Српска и Федерацијата БиХ е дефинитивна и дека нема да се менува бидејќи е меѓународно признаена.

По здружените тактички вежби на полицијата и војската на Србија „Одговор 2021“ на Пасуљански ливади, Додик рече дека „многумина зборуваат дека не се за промена на границите“ по прашањето на БиХ и додаде дека и тој “не е за промена на границите“.

„Границата меѓу Република Српска и другиот ентитет (Федерацијата БиХ) е воспоставена е со меѓународен (Дејтонски) договор и таа е дефинитивна и нема да се менува. Тоа што границата е составен дел од меѓународен договор зборува дека таа има меѓународно признание“, рече Додик.

Тој повтори дека мирната разделба во БиХ е „единствената опција“ и додаде дека „секако ќе се реализира“.

„Во БиХ се дискутираше и се дискутира за можноста за мирно одвојување, што е единствената опција и сигурно ќе се реализира во некој следен период. Во услови кога Партијата за демократска акција и (нејзиниот лидер Бакир) Изетбеговиќ носат декларација како БиХ треба да се организира без ентитети  и без конститутивни народи, единствена варијатна која може да биде реални е да се разделиме мирно“; наведе Додик.

Тој додаде дека Изетбеговиќ „оди дотаму што ги нарекува Србите во БиХ агресори и би сакал тие да останат во БиХ за да ги реализираат концепциите“ на неговиот татко Алија Изетбеговиќ.

“Изетбеговиќ сака да ги реализира концепциите на неговиот татко во врска со муслиманската држава во која муслиманите би владееле и одлучувале за сè, а Србите би биле вечно казнети. Се разбира, тоа нема да се случи”, рече Додик.

Тој рече дека во Република Српска, како и во Србија, „има такви кои сметаат дека е соодветно да ја нападнат РС и српската страна како целина веднаш штом ќе се покрене приказната“ за промената на границите во поранешна Југославија, после наводите дека словенчкиот премиер Јанез Јанша испратил во Брисел неформален документ со таа тематика.

„Тој единствен шовинизам што постои, се изразува во секоја можност и на секое место меѓу оние кои се вечни следбеници на идеите што доаѓаат од Сараево“, изјави Додик.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека Белград „не се меша во внатрешните односи во БиХ, освен ако не може да помогне на кој било начин“.

„Ние го поддржуваме интегритетот и на БиХ и на РС во БиХ, но секогаш сме подготвени да разговараме за сите теми, без да се задеваме со луѓе кои размислуваат поинаку. Подготвени сме да слушнеме што мислат припадниците на бошњачкиот и хрватскиот народ за сè, а посебно што за мисли Република Српска“, рече Вучиќ.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот