Додик го обвини генералниот секретар на ОН Гутереш дека е директно вмешан во обидите за распад на БиХ

Милорад Додик / Фото: EPA-EFE/SZILARD KOSZTICSAK

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, го обвини генералниот секретар на ОН Андонио Гутереш дека ќе биде директно вмешан во распадот на Босанско -Херцеговската федерација.

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Додик смета дека вината на Гутереш е во тоа што прифатил хрватскиот претставник во тројното ротирачко престедателство нс БиХ Жељко Комшиќ да ја преставува Босна и Хрецеговина во Њујорк
Во БиХ нема одлучување без консензус, изјави Додик посочувајќи дека нема одлука Комшиќ да оди на седницата на Генералното собрание на ОН и да зборува во име на БиХ.

„Нема одлука доколку не се донесе со консензус. Не постои такво нешто како тој да оди и да разговара таму. Значи сето тоа е приватна приказна. Проблемот настанува кога ќе се претстави во име на БиХ и кога генералниот секретар ќе го прифати тоа “, рече Додик.

Тој посочи дека е Комшиќ ќе ја злоупотреби оваа средба со Гутереш кој како „генерален секретар на ОН идниректно е вклучен во распадот на БиХ“.

„Еден ден кога ќе се пишува историја, ќе се каже дека генералниот секретар на ОН прими приватна посета од човек кој ги клевети другите во БиХ и дека тоа придонесе за недоразбирање, несогласување, нефункционирање на БиХ и тоа е зошто се распадна “, изјави Додик за новинарите. во Будимпешта.

Запрашан да ја коментира изјавата на Комшиќ дека Додик не е неопходен за функционирање на БиХ, Додик рече дека Комшиќ може да каже што сака, но дека Уставот вели дека постои Република Српска како посебен ентитет чиј преставник е токму Додик  Претседателството е  составено од три члена и постои процедура вели тој.

Фото: Профимедиа

Милорад Додик долги години беше престедател на Република Српска а сега е член на тројното престедателсво на босанската федерација во Сараево Долги години како политчар се залага Репувлика Српска и Бања лука да се отцепат до федерацијата и да се припојат кон матичната српска држава

Од друга страна Комшиќ како преставник на Хрватите во БиХ е лидер на Социјал демокрактка партија (СДП), која е огранок на партијата СДП на актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ . Токму Милановиќ вчера влезе во војна на зборови со српскиот престедател Вучиќ за тоа која држава е подоминантна и економски посупериорна. Милановиќ вчера изјави и дека, покрај на граѓаните на Хрватска, тој е престедател и на хрватите кои живеат во Босна и Херцеговина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот