Додик: Го известив Милановиќ за нашите намери

Додик и Милановиќ/ Фото ЕПА

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик изјави дека во Загреб го информирал претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ за намерите да ја повлече согласноста на Република Српска за постоењето на вооружените сили на БиХ, Високиот судски и Обвинителскиот совет (HJPC), Управата за индиректно оданочување и сите други државни институции кои не биле дефинирани со Дејтонскиот договор, пренесува Бета.рс.  

„Го информирав Милановиќ за моменталната состојба и за уставната положба, како и за начинот на кој тие надлежности се отфрлени“ вели Додик. 

Тој повторно ги обвини високите претставници во БиХ и Уставниот суд на БиХ за кршење на Уставот со одлуките за префрлање на надлежностите на ентитетите на државно ниво.  

Додик рече дека „нема намера само да го набљудува понатамошното одземање на надлежностите и правата“.  

„Нема зошто да ме убедува“

На прашањето дали Милановиќ се обидел да го одврати од неговите намери, српскиот член на Претседателството одговори дека тој воопшто не се обидел да го направи тоа.  

„Што би ме убедил, го известив за тоа, а мислам дека тој ме разбра, тоа е наше уставно право, и дека во нерегуларни услови дошло до префрлање на надлежностите и дека тоа така не може да опстане. Тоа беше еднаков дијалог за сите прашања “, нагласи Додик.  

Тој најави дека во средината на ноември Националното собрание би можело да донесе одлуки за повлекување на согласноста на РС за формирање на вооружените сили, ВССК и ИТА на БиХ. 

Додик рече дека со хрватскиот претседател разговарал и за конститутивноста на народот, која, како што наведе тој, треба да се зачува. Зборувајќи за денешната седница на Народното собрание на РС, која беше свикана на негово барање, Додик рече дека негово право е секогаш кога ќе биде реизбран во Претседателството на БиХ, да се повикува на виталниот национален интерес и да ја остави конечната одлука на парламентот на РС.  

На дневен ред на парламентот на РС се неколку прашања на кои Додик стави вето на последната седница на Претседателството на БиХ, меѓу кои и отворањето на рускиот конзулат во Бања Лука. 

ВИДЕО | Aндоновиќ: Затишје пред бура или бура пред затишје? Омекнување на тврдите ставови на балканските лидери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот