Додик ги одбива условите за влез на БиХ во ЕУ: Три од нив се неприфатливи

Фото: Профимедиа

Српскиот член и претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик најави дека Босна и Херцеговина нема напредок кон статусот кандидаат за членство за Европска унија, бидејќи тој не сака да ги прифати условите кои за тоа ги постави Европската комисија.

Во интервју за српската редакција на руската агенција Спутник, Додик рекол дека ги смета за неприфатливи три од 14-те услови кои БиХ мора да ги исполни ако сака да стане кандидат за членство во ЕУ.

БиХ поднесе барање за кандидатски статус уште во 2016 година, а во 2019 година Европската комисија наведе цела низа на реформски задачи кои мораат да се спроведат за тоа да се одобри. Од тогаш властите во БиХ речиси ништо не направиле за да се достигне таа цел.

„Од 14-те услови кои Европската комисија ни ги достави за кандидатски статус, три се неприфатливи. Еден од нив е дека ентитетите ќе се согласат да ги пренесат овластувањата за прашањата од европско значење за нив да одлучуваат телата на БиХ ако ентитетите не се договорат нешто. Тоа нема да може да се прифати па никогаш да не влеземе во ЕУ или барем додека јас сум тука“, рекол Додик.

Според Додик, можноста БиХ како држава да одлучува за прашањата важни за односите со ЕУ би претставувало „погреб на српската национална идеја“.

Додик е убеден дека промената на лидерот на САД нема да донесе ништо ново во однос на БиХ. 

Неговата теза е дека ниту Бајден, ниту САД веќе не се тоа што беа пред две или три декади, а дека Србите денеска „имаат повеќе самодоверба отколку било кога“.

Додик порача и дека негова најважна цел е да ја зајакне Република Српска и нејзините врски со Србија „кои еден ден ќе прераснат во една заедничка институција“.

„Дали јас тоа ќе го доживеам, не знам, но сакам да оставам генерации кои тоа ќе го замислуваат како основна национална идеја“, заклучи тој.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот