Додик: БиХ одлучи да не ја признае независноста на Косово

Милорад Додик / Фото: Профимедиа

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека Претседателството на БиХ денеска одлучило да не ја признае независноста на Косово.

Тој на новинарите во Сараево им рекол дека гласал против признавање на Косово, дека бошњачкиот член на Претседателството Шефик Џаферовиќ бил воздржан, додека хрватскиот член Жељко Комшиќ воопшто не гласал.

„Формално-правно БиХ денеска донесе официјална одлука за непризнавање на Косово и тоа е многу значајно“, рече Додик.

Претседателството на БиХ на 17 септември првпат гласаше за ставот на БиХ околу статусот на Косово и тогаш за признавање на независноста гласаа Комшиќ и Џаферовиќ, додека Додик беше против.

Додик тогаш изјави дека тој, ако резултатот од гласањето повторно е два спрема еден, ќе стави вето на одлуката и ќе бара изјаснување за признавањето на Косово во Народното Собрание на Република Српска.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот