Додик: 1 март не може да биде празник на БиХ

Милорад Додик / Фото: ЕПА

Српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик порача денка меѓународната заедница и бошњачката политичка елита мораат да сфатат оти не е можно Србите од политички, историски и други причини да го прифатат 1 март како празник на Босна и Херцеговина.

– Ние не смееме лесно да ѝ се препуштиме на оваа приказна, бидејќи ова се тешки историски теми и 1 март не може да биде празник на БиХ ако таа сака Република Српска да биде во неа – им рече Додик на новинарите.

Тој напомена дека 1 март не може да биде празник на сите, бидејќи го прогласила само Федерацијата БиХ, а никогаш ниту еден орган на БиХ, која нема ниту закон за празници.

– Меѓународната заедница тоа го наметнува за да присуствува, па дури и Уставниот суд, кој наоѓа за сходно да рече дека 9 јануари не е Ден на Републиката, што е тешко да се оспори – додаде Додик.

Тој оцени дека тоа многу ги продлабочува разликите, како и дека „ароганцијата која доаѓа од бошњачката политичка елита и меѓународната заедница ја толкува како доказ за нивниот континуиран неуспех да наметнуваат некои работи“.

– Мораат да сфатат дека за нас Србите не е можно да се прифати 1 март од политички, историски и други причини – истакна Додик.

Напомена дека одбележувањето на 1 март истористи не е поддржано од сите народи, што покажува дека во БиХ кога еден народ слави друг тагува, едни имаат комеморации, а други прослави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот