Доделени престижните награди БАФТА, еве ги добитниците
Синоќа се одржа 74 доделување на наградите на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), а најмногу награди добија режисерката Клои Жао и нејзиниот филм „Nomadland“.
Наградата БАФТА за најдобар филм ја доби „Nomadland“, а режисерката на овој филм Клои Жао победи во категоријата најдобар режисер.
Најдобар странски филм е „Another Round“, а наградата за најдобар анимиран филм му припадна на „Soul“. Наградата за најдобар документарен филм ја доби „My Octopus Teacher“. Наградата за најдобро оригинално сценарио беше доделена на филмот „Promising Young Woman“, а наградата за најдобро адаптирано сценарио ја доби филмот „The Father“.
Наградата БАФТА за најдобра главна машка улога му припадна на Ентони Хопкинс за неговата
улога во „The Father“, а за најдобра женска улога беше одбрана Франсис Мекдорманд за филмот „Nomadland“.
Останатите добитници можете да ги видите тука.
Наградите БАФТА, како и наградите на Американското здружение на продуценти, Американското здружение на режисери и на „Златен глобус“, честопати се сигурни показатели за тоа кој би можел да го освои престижниот американски Оскар оваа година, 25 април во Лос Анџелес. БАФТА е основана во 1947 година како Британска филмска академија.