Доделени 126 субвенции на центарци кои се подновиле со велосипед, е-велосипед или е-тротинет

Фото: Град Скопје

Во рамките на проектот „Цел Центар на точак“, Општина Центар годинава додели вкупно 126 субвенции, од кои 101 за велосипеди и 25 за е-велосипеди и е-тротинети. Повикот за аплицирање за субвенции заврши, затоа што, како што информираа од Општина Центар предвидената сума во општинскиот буџет за таа намена од 400.000 денари е исполнета.

Градоначалникот Горан Герасимовски им честита на граѓаните кои автомобилите ќе ги заменат со велосипеди и електрични велосипеди и тротинети, особено и затоа што Општина Центар како најфреквентна општина има навистина голем проблем со слободни паркинг-места.

Лично многу го почитувам возењето велосипед не само поради здравствените бенефити туку и поради избегнувањето на гужвата и брзото стигнување до посакуваната дестинација. Промоцијата на возењето на велосипеди е навистина значајна особено за нас центарци и затоа ги охрабрувам жителите да практикуваат возење на алтернативни превозни средства со кои ќе практикуваат физичка активности и ќе го зајакнат своето здравје и секако ќе заштедат избегнувајќи ја наплатата во паркинзите, порача Герасимовски.

Проектот „Цел Центар на точак“ кој Општина Центар го спроведува неколку години по ред има за цел да обезбеди поздрав начин на живот, поздрава животна средина и помал сообраќаен метеж низ улиците во Центар. Покрај субвенционирањето за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, Општина Центар доделува и субвенции за дополнителна опрема, односно седишта за деца или кациги за велосипед, е-велосипед или е-тротинети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот