Доделена наградата „Св. Климент Охридски“ - Слободен печат

Доделена наградата „Св. Климент Охридски“

Заминувањето на младите луѓе кои ја напуштаат државата и поразителните резултати на испитот по знаење веднаш треба да алармира да се запрашаме кој ќе седи утре во нашето Собрание, кој ќе предава на нашите универзитети, кој ќе суди во нашите судови, кој ќе лекува по нашите болници, забележа академик Влада Урошевиќ во своето обраќање на врачувањето на државната награда „Св. Климент Охридски“.

Станува збор директно за нашата иднина и таа забрзано пристигнува, рече Урошевиќ.

-Деновиве пристигна до нас поразителна вест, нашите ученици средношколци стојат, според покажаното знаење, на меѓународната листа некаде при дното. Од 79 земји, во кои е спроведено тестирањето  нашите деца зазеле 67 место. Зад името на нашата земја има само една дузина послаби резултати. Од сите лоши вести што во последно време доаѓаат од светот оваа е, ми се чини најлошата: ваквото рапидно паѓање на нивото на знаењето  во меѓународна конкуренција – за мене е рамно на катастрофа” – предупреди претседателот на одборот за доделување на државнаат награда, академик Влада Урошевиќ.

Сите добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ ја добиваат наполно заслужено и се признание за резултатите во областите на кои дејствуваат, додаде Урошевиќ. Во името на наградените се заблагодари писателот Димитар Башевски.

-Убаво е што сред дневната гласност, сред бучавата од партиски, политички правни и сообраќајни гласови во ваквите прилики за еден момент се свртува вниманието кон нешто што трае подолго и што е поврзано со сфери како што се науката, културата, литературата и образованието” – изјави добитникот на наградата „Свети Климент Охридски”, Димитар Башевски.

Годинашни добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ се проф. д-р Агим Паљоска, во областа на воспитанието и образованието, за остварување во областа на културата и уметноста покрај Димитар Башевски добитници се Весна Ѓиновска-Илкова и Виолета Томовска.

Наградата за остварување во областа на здравството, му беше доделена на проф. д- р  Дејан Докиќ.

Прочитај повеќе

Вучиќ за авиолинијата Приштина-Белград: Постигнавме договор без да го признаеме Косово

Слободен печат

Околу 3.300 луѓе во БиХ годишно умираат поради аерозагадувањето

Слободен печат

РУСИЈА ЈА ЗГОЛЕМУВА ОДБРАНАТА НА АРКТИКОТ: Тука нема да можат да пројдат хиперсоничните ракети (ВИДЕО)

Слободен печат

Хакер открил и објавил листа со повеќе од 500.000 кориснички имиња и лозинки

Слободен печат

Локализиран пожарот во Белград

Слободен печат

Тачи за авиолинијата Приштина-Белград: Тоа е чекор напред за односите меѓу Косово и Србија

Слободен печат

Остави Коментар

four × 5 =

Прочитај повеќе

Петровска: Постапката за набавка на обрасците е спроведена, а договорот е склучен согласно Законот за јавни набавки

Слободен Печат

Кои 12 амандмани ги предлага Путин?

Слободен Печат

САД одбележува ден на борецот за човекови права, Мартин Лутер Кинг

Слободен печат

НОВИ ДЕТАЛИ: Опожарен сплав во Белград (ВИДЕО)

Слободен Печат

Помпео: Треба да се прекине тиранијата на Мадуро

Слободен печат

Спасени дванаесет мигранти кои се обидувале да го преминат Ла Манш

Слободен печат