Додека смртта не нè раздели или пак не? Браковите на некои познати личности траеле помалку од мамурлакот на свадбата

Profimedia

Дека славните знаат да изберат погрешно докажуваат бројните ѕвезди кои и покрај тоа што се заколнале на верност во добро и во лошо, брзо се предомислиле. Разводот следел многу побрзо отколку што можете да замислите.

Светозар Маринковиќ и Робин Гивенс: Седум минути

Љубовта на инструкторот по тенис Светозар Маринковиќ и поранешната сопруга на Мајк Тајсон, Робин Гивенс, не траела долго. Во брак издржале седум минути и така го поставиле рекордот.

Робин Гивенс/ Profimedia

 

За За Габор и Филип Де Алба: Еден ден

За За исто така е рекордерка. Актерката имала девет пропаднати бракови, па тешко е да се процени кој бил љубовта на нејзиниот живот.

Николас Кејџ и Ерика Коик: Четири дена

Николас Кејџ по само четири дена побарал развод од мејкап артистката Ерика Коик. Тие на изненадување на многу се венчале во Лас Вегас на 23 март, а само неколку дена потоа се случила пресвртница, која никој не ја очекувал. Откако со трезна глава размислил што направил, актерот одлучил да се разведе од неговата 21 година помлада избраничка.

Profimedia

Бритни Спирс и Џејсон Александер: 55 часа

За овој брак многу се пишуваше во сите таблоиди. Пејачката се венчала со својот пријател од детството во Лас Вегас, за на крајот бракот да биде поништен за само 55 часа.

Profimedia

Шер и Грег Алман: 9 дена

Двајцата музичари се венчале на 30 јуни 1975 година, а на 9 јули истата година поделе барање за развод. Барањето им било одбиено, па поднеле ново во ноември истата година.

Памела Андерсон и Џон Питерс: 14 дена

Актерката, активистка и поранешната плејбој-зајачица Памела Андерсон (52) кон крајот на јануари во тајна церемонија му рекла „да“ на филмскиот продуцент Џон Питерс (74). Но, нивната љубов не издржала дури ни еден месец, па после 14 дена одлучиле да се разведат.

– Животот е патување, а љубовта процес – рекла таа, заблагодарувајќи им се на сите за почитувањето на нејзинита приватност.

Памела пред олтар била четирипати пред тоа. Рокерите Томи Ли (57) и Кид Рок (49) не се покажале како вистински избор за неа. Со Рик Саламон (51) се венчавала и се разведувала двапати.

Profimedia

Дру Баримор и Џереми Томас: 29 дена

Холивудската актерка нема среќа со браковите. Иако ниту бракот со Томас Грин не траел долго, оној со Џереми Томас траел уште пократко. Бракот траел неполн месец, а разводот бил конечен после помалку од една година од венчавката.

Profimedia

Ким Кардашијан и Крис Хамфрис: 72 дена

Ријалити ѕвездата и кошаркарот го кажале судбоносното „да“ пред телевизиска камера, а венчавката чинела неверојатни 10 милиони долари. И покрај тоа побарале развод после 72 дена. Ким Кардашијан им открила на медиумите дека ги разделиле непремостиви разлики. Но многумина верувале дека бракот е само добар промотивен трик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот