Додека сметката не нѐ раздели: Колку чини сега свадба во Србија?

венчавка свадба
Архива / Unsplash / Louis Tosta

Сите двојки кои планирале да го кажат „судбоносното да“ во 2023 година, скапо ќе платат за тоа. Со галопирачка инфлација, ниту свадбите не можеа да ги издржат поскапувањата.

Така, младенците за својот голем ден годинава ќе треба да одвојат од 2.500 до 40.000 евра. Кога младенците ќе ги стават на хартија сите работи на кои треба да потрошат пари за да ја направат својата свадба од соништата, листата е долга, а трошоците огромни. Новинарите на Нова рс, провериле колку чинат основните работи – административни такси, ресторан, музика, торта, фотограф, невестинска облека и бурми.

Матичарот поскапува за 12,6 отсто, а идните сопружници во своите трошоци треба да го вклучат и стекнувањето на потребната документација. Во зависност од бројот на гостите, големи се шансите ресторанот да биде најголемиот трошок за младенците. Во хотелите и салите за прослави во Белград цените драстично варираат. Една од најприфатливите опции е 13 евра по лице. Од друга страна, една од најскапите опции, во познат капитален хотел чини 120 евра.

Младенците кои ангажираат фотограф самостојно, ќе плаќаат различно во зависност од тоа што точно сакаат, а голем трошок се и белградските бендови. Една од најприфатливите опции е бенд кој настапува за 700 евра. Од друга страна, најскапиот бенд бара 2.500 евра. Во салоните за венчаници во главниот град фустанот се движи од 225 до 650 евра, а слични и поскапи се цените и на оделата за младоженците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот