Додека се симнувала, автобусот тргнал, 80-годишна жена заврши во болница

јсп автобус
Автобус на ЈСП /фото: Архива на Слободен печат

Поради повреди здобиени при пад од автобус на ЈСП Скопје, 80-годишна жена во болница.

Полицијата соопшти дека според пријавата, автобусот тргнал додека жената се симнувала. Таа била пренесена во Градската болница каде и биле констатирани повреди, а по укажаната помош била пуштена на домашно лекување.

Настанот се случил на улицата 11 Октомври, спроти Зелен пазар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот