Додека неговите соиграчи се на одмор, Салах тренира (ФОТО)

Одличната атмосфера помеѓу фудбалерите на Ливерпул е присутна и на двонеделната пауза.

Мохамед Салах одлучи да се нашали со своите соиграчи во Ливерпул кои двонеделната пауза од фудбалски активности одлучија да ја поминат на плажите ширум светот.

За разлика од неговите колеги, Салах остана во Ливерпул и секојдневно тренира. Тој на својот Инстаграм профил објави фотографија додека вежба на која напиша „Се вратив од одморот кој го немав“.

View this post on Instagram

Back from the holiday I didn’t go on ?

A post shared by Mohamed Salah (@mosalah) on

Речиси сите негови колеги од Ливерпул паузата во Премиер лигата ја искористија за да ги наполнат батериите за финишот од сезоната. Така, Роберто Фирмињо и Фабињо со поубавите половини заминаа на краток одмор на Малдивите, додека Вирџил ван Дајк, Вајналдум и Алекс-Окслејд Чембрлен уживаат во Дубаи.

Адам Лалана одмора на плажите во Мајами, САД, а најде време и да присуствува на НБА натпреварот помеѓу Мајами и Филаделфија.

Возбудувањата во Премиер лигата продолжуваат на 15 февруари кога Ливерпул игра против Норич. „Црвените“ се неверојатни сезонава, имаат дури 73 бодови, 22 повеќе од второпласираниот Манчестер сити на дури 13 кола до крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот