Додека не се реши проблемот со водата во Тетово, ќе има двочасовни рестрикции

Фото: Слободен печат

Јавното претријатие за водовод и канализација „Шар“ од Тетово информира дека ќе се воведат рестрикции во водоснабдувањето од 13 до 15 часот.

Причината е во тоа што повторно е исклучен дотокот на вода од новиот систем што зема вода од Лешница, а градот се снабдува со водата што доаѓа од планинските извори.

Водоснабдувањето на градот Тетово е намалено и моментално издашноста на изворите е 162 литри. Поради ова, се до решавање на проблемот, ќе се воведат рестрикции во периодот од 13:00 до 15:00 часот, информираа денеска од ЈП „Шар“.

Од претпријатието информираат дека заедно со општинскиот инспекторат и Секторот за внатрешни работи Тетово откриле дека приватна компанија на булевар  „Видое Смилевски-Бато“ (Индустриска) нелегално се приклучиле на водоснабдителниот систем за што ќе поднесат тужба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот