9.2 C
Скопје

Додека милиони луѓе молат за помош, богатите заработија 300 милијарди долари повеќе!

Иако самиот коронавирус можеби не дискриминира во смисла кој може да се зарази, пандемијата е далеку од големо померување на јазот. Истиот месец кога 22 милиони Американци ја изгубија работата, целокупното богатство на американските милијардери порасна за околу 10% – или 328 милијарди долари повеќе од што било на почеток на март. Тие сега имаат комбинирана нето вредност од 3,229 милијарди долари.

Според новите извештаи на Институтот за проучување на политика, меѓу 18 март и 22 април средствата на американските богаташи пораснале за 10,5 отсто. Меѓутоа, по последната рецесија, требале да пројдат две години за имотот на милијардерите да се врати на ниво од 2007 година.

Приливот од милијарда долари потекнува од цела флота на големи бизниси, милионери и милијардери, низ дупки во прописите за помош вредна 349 милијарди долари наменети за спасување на тешко погодените мали бизниси. Околку 150 јавни компании успеале да земат повеќе од 600 милиони долари заем пред средствата да исчезнат.

Прочитајте и...  Времето денеска облачно и врнежливо

Осум милијардери забележале раст на богатствата за повеќе од милијарда долари, меѓу кои се шефот на Амазон, Џеф Безос и неговата бивша сопруга Макензи Безос, основачот на Зум, Ерик Хуан, бившиот шеф на Мајкрософт Стив Балмер и сопственикот на Тесла и Спејс икс, Илон Маск.

Првиот пад на акциите на берзата можеби на почетокот им го намалил богатството на некои – на пример, Безос кој на 12 март паднал на само 105 милијарди долари, но потоа неговото богатство закрепнало: Од 15 април неговата нето вредност пораснала за 25 милијарди долари. Основачот и извршен директор на Зум, бил еден од ретките кој ја зголемил нето вредноста дури и кога пазарите се срушиле, а сега изнесува 2,58 милијарди долари.

Овие „профитери од пандемијата“ се само еден дел од сложувалката на нееднакво богатство во Америка. Во позадина е фактот дека од 1980 година даноците кои ги плаќаат милијардерите, мерено во процент на нивните богатства, паднале за 79%.

Прочитајте и...  Пронајден мртов маж во Пчиња

– Слушаме за добронамерните милијардери кои во оваа криза споделиле 0,0001% од своето богатство со своите колеги, но навистина кршат даночни правила за да ги намалат своите даноци за децении – пари кои би можеле да бидат потрошени за изградба на подобра здравствена инфраструктура, вели Чек Колинс, директор на Програмата за нееднаквост и општо добро на Институтот за политички студии, кој е коавтор на новиот извештај.

Овој извештај би можел да ги истакна милијардерите кои профитираат од пандемијата на коронавирусот. За да го состави овој извештај, Колинс и неговите коавтори се повикале на годишната листа на милијардери на Форбс, како и на дневните настани од Форбс и Блумберг.

Колку е голем јазот покажува тоа што авторите истакнуваат дека тоа е вистинската состојба со години наназад.

– Луѓето влегоа во пандемија на економски мамурлак уште од Големата рецесија, вели тој.

За да се реши проблемот авторите повикуваат на Закон за корпоративна транспарентност кој не би дозволил криење на богатство и данок на милионски приходи.

Прочитајте и...  Германија ќе го укине „мигрантско потекло“?

Тој предложува посебно внимание да се обрати на донациите и фондациите.

Некои милијардери навистина дале големи донации за време на пандемијата, но Колинс вели дека не можеме да дозволиме таа филантропија да не оттргне од пошироки разговори за нееднаквост.

– Филантропијата навистина не е замена за праведен даночен систем и адекватно финансирана мрежа за јавна безбедност, вели тој.

За милиони Американци кои се борат да платат кирија, купат намирници и да ја преживеат пандемијата, Колинс напоменува дека особено паѓа во очи нееднаквоста. Но тој ова го гледа и како време за будење.

– Добрата вест е што повеќето луѓе тоа го разбираат. Тие всушност поддржуваат јавна политика која нас би не префрлила во друг правец, вели тој, како данок на богатство или прогресивен данок на наследство или друи и минимална плата од 15 долари за вработени во продавници и останатите работници.

Поврзани вести

Се подготвуваат измени на законот за игри на среќа-АСОМ не ги прифаќа

Слободен печат

Политичарите во Шпанија се вацинирале пред приоритетните групи

Слободен печат

Во Албанија продолжува трендот на раст на новозаразени од Ковид -19

Слободен печат

Работници од Турција затекнати непријавени на објект во Скопје

Слободен печат

Членките на ЕУ на Балканот го спречуваат европското „прелевање“ во регионот

д-р Хамза Карчиќ/Анадолу

Сообраќајот по наместа влажни коловози, снег врне на Попова Шапка

Слободен печат

Остави Коментар