Додека луѓето се затворени дома, диви животни се шетаат по улиците (ФОТО)

Прогласената пандемија поради опасноста од ширење на коронавирусот и седењето на луѓето во своите домови, како една од мерките за спречување на ширењето на ова заразно заболување, ја оживеа природата, а на животните им ја овозможи потребната слобода на движење.

Откако започна ширењето на коронавирусот, насекаде во светот сѐ повеќе луѓе поради заштита седат дома и веќе со недели наназад не одат на работа и не ги извршуваат своите обврски како што тоа беше случај до само пред неколку месеци.

Како последица на тоа, намалено е загадувањето на воздухот и тоа насекаде во светот, што најверојатно се должи на неработењето на фабриките. На тој начин, слобода на движење добија и животните, па токму поради тоа сѐ почесто на социјалните мрежи можат да се забележат фотографии на диви свињи, мајмуни, мечки па дури и волци, како слободно шетаат по празните улици на некоја од светските метрополи.

Поради затворањето на луѓето дома и намалената фреквенција на автомобилите, голем број лавови се забележани како лежат на празните улици кои поминуваат низ националниот парк Кругер.

Во Сан Франциско многубројни корисници на Твитер објавиле фотографии на кои јасно се гледа како којоти скитаат по улиците во текот на карантинот поради кој главниот град е празен.

Планински кози биле забележани како шетале по сончевите улици на Ландун, крајбрежен град во Велс.

По празните тајландски улици, пак, луѓето од своите балкони можеле да забележат како група мајмуни шетаат по празните улици, собирајќи остатоци од храна, а пак по улиците на Дубаи сѐ почесто може да се забележат како шетаат пауни.

Како и да е, односно колку и да се интересни ваквите појави, сепак треба внимателно да се примаат ваквите информации, бидејќи на социјалните мрежи може да се забележат и лажни вести поврзани со закрепнувањето на природата поради коронавирусот, за што предупредија и од „Нешенел џиографик“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот