Додека иранските лидери се борат со меѓународниот притисок, незадоволниот народ излезе на улиците

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Протестите се проширија и во други градови освен Техеран, што покажува дека незадоволството од властите е широко.

Иранската полиција употреби солзавец за од улиците на Техеран да ги растера илајдниците демонстранти, кои јавно се спротиставија и го покажаа гневот поради случајното уривање на украинскиот патнички авион, но и поради лагите за инцидентот од страна на властите на Иран, пренесува „Блиц“.

Протестите кои започнаа како оплакување на 176-те жртви брзо се претворија во антивладини демонстрации, со барања за промена на ајатолахот Али Хамнеи и процесуирање на одговорните рушењето на „Боингот“. Собраните демонстранти скандираа „смрт за диктаторот“, додека одредени луѓе му порачуваа на Хамнеи да ја напушти земјата.

Во срушениот украински авион имаше патници од различни националности, но многумина во Иран тоа го сметаат за домашна трагедија. Многу од луѓето се лути поради тоа што владата убила толку припадници на сопствениот народ – поголемиот дел од патниците беа државјани на Иран или имаа иранско потекло.

Протестите се проширија и во други градови, покажуваат дека незадоволството од режимот е широко, пишуваат медиумите од западот.

Сликата од незадоволните граѓани се во драстичен контраст во однос на слика на обединета жалост за убиениот генерал Касем Сулејмани, кога стотици илјади луѓе се приклучија на погребната поворка. Според пишувањата на медиумите, на протестите изминатите денови фотографијата на Сулејмани наводно била уништувана.

Фото: EPA-EFE/STR

Повеќе од 30 луѓе се повредени во судири со полицијата, но демонстрантите се одлучни во тоа да ги тестираат границите на иранската власт.

На крајот на минатата година, илјадници Иранци исто така беа на улиците по одлуката на властите да ги зголемат цените на горивата. Владата одговори со исклучување на интернетот, но и со крвава пресметка – организациите за заштита на човековите права проценија дека се убиени најмалку 200 демонстранти.

За време на тие протести, демонстрантите имаа остри зборови за Сулејмани и неговите „авантури“ низ земјите во регионот, особено Сирија. Тоа, според западните медиуми, било вистински шок за властите кои генералот го третираа како национален херој. Уште тогаш се забележувало дека иако Сулејмани има голема поддршка меѓу лојалистите, но и дека оти тој има и свои противници.

Новите протести ги поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп, кој апелираше до иранските власти „ да не ги убиваат демонстрантите“.

Извинувањето на Иран за рушењето на авионот по „катастрофалната човечка грешка“ не вроди со плод ниту кај демонстрантите, ниту пак кај меѓународната заедница која го засилува притисокот врз властите да ја истражат несреќата и да ги приведат одговорните.

Меѓу жртвите во срушениот украински авион имаше и 57 Канаѓани, а премиерот на оваа земја Џастин Трудо рече дека нема да отстапи додека правдата не е задоволена за семејствата на настраданите.

Нови критики беа упатени кон Иран и по привременото апсење на британскиот амбасадор Роб Мекер, поради наводно „поттикнување на демонстрациите“. Британскиот министер за надворешни работи го оцени апсењето како „грубо кршење на меѓународното право“, а со таа оцена се сложија и неговите колеги од Франција и Германија.

Во меѓувреме, врховниот лидер Али Хамнеи го обвини „коруптивното присуство на Америка и нејзините пријатели“ за „моментално турбулентната ситуација“ во земјата и повика на зајакнување на односите меѓу земјите во регионот.

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот