Додека го чека Меси, Гвардиола договори и трето засилување во одбраната

Калиду Кулибали, фудбалерот на Наполи/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Калиду Кулибали направи чекор напред кон трансферот во Манчестер сити откако денеска ги договори личните услови со англискиот тим и му порача на Наполи дека сака да се пресели во Премиер лигата.

Како што пренесуваат бројни извори, Кулибали се договори со управата на Сити за своите примања и сега останува на Наполи да ја прифати понудата тешка 80 милиони евра.

Италијанскиот тим минатото лето експресно ја одби идентичната понуда од Челси, но сега ситуацијата е поинаква, поради пандемијата на коронавирусот речиси сите екипи имаат финансиски проблеми и поради тоа Наполи се очекува да ја прифдати богата понуда од Манчестер сити.

Доколку се согласи на трансфер, италијанскиот тим ќе заработи дури 72 милиони евра за сенегалскиот репрезентативец бидејќи во 2014 година на Генк му плати само осум милиони евра.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола инсистира на трансфер на Кулибали бидејќи смета дека тој е последниот дел од мозаикот во ранливата одбрана. Досега „граѓаните“ ангажираа двајца фудбалери, Феран Торес од Валенсија и дефанзивецот на Борнмут, Нејтан Аке за кого платија 42 милиони евра.

Со евенталниот ангажман на Кулибали, Пеп Гвардиола нема да заврши со купувањето на нови играчи бидејќи се надева дека ќе дојде до џек-потот наречен Лионел Меси. Аргентинецот му призна на Гвардиола дека сака да дојде кај него во Сити, но прво мора да изнајде начин како да си замине од Барселона со која е во отворена војна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот