Додека богатите земји акумулираат вакцини против Ковид-19, во сиромашните ќе има вакцина за секоја десетта личност

профимедиа

Богатите земји акумулираат вакцини против Ковид-19 и секоја десетта личност во сиромашните ќе биде вакцинирана следната година, објави Алијансата за народни вакцини.

Во најбогатите земји, обезбедени се дози доволно трипати да се имунизира нивното население, а во 67 посиромашни земји, само еден од десет лица може да се надева дека ќе биде вакциниран до крајот на следната година, според Амнести Интернешнл и Оксфам, јави Си-Ен-Ен.

– Никој не смее да биде спречен да добие вакцина за спасување живот поради земјата во која живее или поради сумата пари во џебовите, рече Ана Марот, одговорна за здравствената политика во „Оксфам”.

Тие предупредуваат дека земјите што претставуваат само 14 отсто од светската популација имаат повеќе од половина од најнадежните вакцини. Организациите исто така ги повикуваат фармацевтските компании да ја споделат својата технологија и интелектуална сопственост со Светската здравствена организација и да ги повикаат владите на богатите земји да се посветат на испраќање вакцини во земјите во развој.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот