Додека Австрија врши масовно тестирање за коронавирусот, оваа европска земја не ги затвори ниту училиштата и кафулињата

Шведските власти препорачуваат сите ризични групи да останат дома. Додека повеќе од две лица се забранети во Германија, во Шведска не треба да има повеќе од 500 лица на едно место.

Шведска пред 10 дена го промени начинот на пристап кон тестовите за коронавирусот, што значи дека повеќето грааѓани со симптоми повеќе нема да бидат тестирани. Но, тоа не значи дека тестирањето е тотално прекинато или дека за него нема податоци.

Додека бројни земји од денеска ги засилуваат мерките против коронавирус, со најновите чекори што ги презеде Австрија за масовно тестирање, Шведска има полежерен пристап-основните училишта се отворени , како и кафулињата и рестораните.

Веб страната local.se, наменета пред се за странци во Шведска, ја објавува анализата на шведската стратегија и ја споредува со другите земји. Светската здравствена организација (WHO) минатата недела ги повика сите земји интензивно да вршат тестирања на короновирус, а главниот директор изрази загриженост поради пристапот на некој земји, објави Еспресо.рс.

Прочитајте и...  Пристигнаа 126 македонски граѓани од Словенија кои се упатуваат во задолжителен карантин
Постари луѓе излезени на пијалок во паб викендов /23.03.2020 / Стокхолм, Шведска / ФОТО: EPA-EFE/Ali Lorestani SWEDEN OUT

Шведските власти препорачуваат сите ризични групи да останат дома. Додека повеќе од две лица се забранети во Германија, во Шведска не треба да има повеќе од 500 лица на едно место.

Владата во Стокхолм денеска ги принуди кафулињата и рестораните да ги ограничат своите услуги само со служење  на маса за да го минимизираат контактот меѓу гостите. Но, за повеќето животот се одвива со вообичаениот тек.

Луѓето во саботата уживаат во сончевото време во Стокхолм, Шведска / 22.03.2020 / ФОТО: EPA-EFE/ANDERS WIKLUND SWEDEN OUT

Во саботата навечер, кафулињата и рестораните во главниот град беа преполни, а толпата сè уште се движеше по улиците за време на најпрометните часови.

Сепак, како и во другите делови на Европа, шведските граници се затворени за сите.

Шведскиот парламент работи на усвојување на законодавство што ќе ги затвори основните училишта и градинките доколку е потребно.

Прочитајте и...  Вучиќ: Набрзо ќе имаме и по 30 починати лица во еден ден

Шведските медиуми прашуваат зошто властите го прифатиле овој пристап против ширење на вирусот. Владата им одговара следејќи ги препораките на Агенцијата за јавно здравје со образложение дека е подготвена.

Коронавирусот не ги спречи луѓето да уживаат во сончевото време при паркот Кунгстрадгарден, Стокхолм, Шведска / /22.03.2020, Шведска / ФОТО: EPA-EFE/Jessica Gow SWEDEN OUT

Велат дека основните училишта сè уште не се затворени бидејќи постарите граѓани се тие што мораат да останат дома, а не децата.

Австрија одлучи масовно да ги тестира луѓето во наредните денови и недели да ги лоцираат и изолираат заразените за да го избегнат италијанското сценарио, објави канцеларот Себастијан Курц.

Досега Австрија, со население од 8,8 милиони, тестиралe околу 28.400 луѓе. Речиси 4900 биле заразени, а 28 лица починале.

Достава на медицинска заштитна опрема во Виена 24.03.2020 / ФОТО: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA 

Австрија е една од првите европски земји што воведе строг.и ограничувања за движење и затворање на продавниците и училиштата, со оглед на тоа што ситуацијата во соседна Италија ескалира.

Прочитајте и...  Два нови случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 88 заразени

Австрија планира да тестира до 15.000 луѓе дневно во наредните недели, објави канцеларот.

.

Прочитај повеќе

Најнова мапа на заразени со коронавирус: 142 лица се од Скопје, 29 од Карпош

Мирослава Бурнс

Го откриваат присуството на вирусот за неколку минути: Овие земји развија брзи тестови за корона

Слободен печат

Актерката Ана Костовска од државниот карантин: Ова е за мене потврда дека можам да верувам на планот на одговорните во градов и државава

Слободен печат

Основното јавно обвинителство Охрид ќе ја истражува смртта на жената од Струга

Слободен печат

Само еден пациент позитивен на коронавирус се лекува во болницата „8 Септември“

Слободен печат

Уште двајца заразени во Црна Гора, вкупно 84 лица позитивни на коронавирус

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Шпанската полиција стана вистински хит на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Стравотна тишина и бројни полициски контроли на скопските улици (ВИДЕО)

Горан Наумовски

Проповедник позитивен на коронавирус посетил 15 села во Индија, засега непознато колку луѓе заразил (ВИДЕО)

Слободен печат

Го бранеше Трамп со тезата дека коронавирусот е измама на демократите, па доби отказ од Фокс њуз

Слободен печат

Како изгледа кога полицијата интервенира во проблематичните делови на Париз (ВИДЕО)

Слободен печат

ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ: Сите баратели на азил во Португалија ќе станат постојани резиденти

Слободен печат