Доцнат возовите кои сообраќаат на линија Лондон- Париз, првиот ден по излегувањето на Велика Британија од ЕУ

Како што пренесуваат странските агенции, возот не доцни поради Брегзит, туку поради интервенција за отстранување дефект.

Возот на релација Лондон – Париз, кој поминува низ тунелот под Ламанш, денеска доцнеше, првиот ден по излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Како што пренесуваат странските агенции, возот не доцни поради Брегзит, туку поради интервенција за отстранување дефект.

На веб страницата на „Евростар” пишува дека оваа сабота утринските возови кои сообраќаат под Ламанш ќе доцнат повеќе од два часа.

Компанијата соопшти дека причината за доцнењето на возовите се „продолжени инжинерски работи во Евротунелот и дефекти во приодите на тунелот”, притоа најавувајќи брза нормализација на сообраќајот.

Во нормални околности супер брзите возови од Лондон до Париз патуваат за околу 150 минути.

Доцнат и возовите на релација Лондон – Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот