Доцна синоќа се одлучи промена на имињата на улиците

Доцна синоќа заврши маратонската седница на Советот на Град Скопје на која се одлучуваше за промена на имињата на улиците, плоштадите, мостови. По неколкучасовната расправа за оваа точка, и образложенијата на дел од советниците зошто не треба да се изгласа, сепак, преовлада мнозинството во Градскиот совет, одлуката беше изгласана, а за тоа се пофали и самиот градоначалник Петре Шилегов.

-Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка … се враќаат во нашето Скопје,  се вели во објавата на Шилегов.

Опозициските советници сметаат дека оваа  промена е реванш на претходната власт и дека од промената на имињата граѓаните нема ништо добро да видат.

-Бидејќи ништо од ветеното не реализиравте, само листата на имиња на улици сакате да ја проширите. Небулозно е тоа што во листата на имиња има живи луѓе, кој гарантира дека по именувањето на некоја улица со жив човек, истиот нема да направи некој криминал, беа дел од аргументите на советниците кои беа против изгласување на оваа точка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот