Доброволно и бесплатно: Масовно тестирање во Словенија од утре до четврток

Словенија ковид-19 / Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK -- ATTENTION EDITORS: VEHICLE'S PLATE PIXELATED AT SOURCE

Во бројни општини во Словенија утре ќе почне доброволно масовно тестирање за ковид-19, изјави денеска Марија Магајне од словенечкото Министерство за здравство.

Точните локации и време допрва ќе бидат објавени, а резултатите од брзите тестови што ќе се користат за време на тестирањето од денеска се сметаат за еквивалентни на резултатите добиени со ПЦР тестовите, јави агенцијата СТА.

Тестирањето ќе биде достапно во сите поголеми словенечки градови, а повеќе места за тестирање ќе бидат обезбедени во области каде епидемиолошката состојба е најтешка.

Тестирањето ќе биде бесплатно и ќе се спроведува до 24 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот