„Добро забавувајте се“: Бабичка сподели совет за долговечен живот на нејзиниот 108 роденден

Фото: Инстаграм/„Би-би-си“

Тајната за долг и среќен живот е „пиење алкохолна пијачка за време на ручекот и добра забава“, сподели една симпатична бабичка од Велика Британија, која неодамна го прослави нејзиниот 108 роденден, објави „Би-би-си“.

Мери Ен Клифтон го споделила овој совет за време на нејзината роденденска забава во домот за стари лица „Foxbridge House“, во Орпингтон, југоисточен Лондон. На прославата присуствувала и градоначалничката на Бромли, Хана Греј, а славеничката добила роденденска честитка и од кралот Чарлс Трети.

„Алкохолот никогаш не ми наштети. Напорно работете, но уште повеќе забавувајте се“, рекла 108-годишната госпоѓа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)


Госпоѓата Клифтон е родена на 16 март 1915 година, во Лабет, јужен Лондон. По завршувањето на училиштето, таа ги следела своите соништа, па почнала да се занимава со мода и работела како шнајдерка.

Таа го запознала својот, сега веќе починат, сопруг Ерни за време на училишните денови, кога имала само 12 години. Двојката добила две деца – Памела и Берни, од кои добиле четири внуци, десет правнуци и седум праправнуци.

Управителката на домот за стари лица, Стела Барнс вели дека госпоѓа Клифтон е „е многу сакана и популарна“ во домот, чии вработени со задоволство ѝ ја организирале роденденската забава. Тие ѝ направиле колачиња со џем и крем, а на прославата се слушала музика од дваесеттитете, триесеттите и четириесеттите години од минатиот век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот