„Добро утро, имаме проблем“: Свиња брка грчки новинар во вклучување во живо (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Дека новинарството е една од најстресните професии покажува и ова видео кое ќе го видите подолу. Грчки новинар се обидел да се вклучи во живо на утринска програма и да извести за поплавите, меѓутоа се соочил со пречки во известувањето.

– Добро утро, имаме еден проблем. Имаме една свиња овде што не брка од сабајле, со овие зборови грчки новинар го почна вклучувањето во живо во утринска емисија на телевизијата „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина.

Темата не беа животни, ниту свињи, туку новинарот се јави од областа Кинета, во западниот дел на регионот Атика, за да извести за вчерашните поплави. Меѓутоа, „непоканетиот гостин“, односно „гостинка“, со оглед на тоа дека новинарите од студио рекоа дека свињата е женка, не го остави репортерот да ги пренесе неговите информации.

– Извинете што не можам да застанам на едно место бидејќи ме гризе, рече новинарот додека со микрофонот, се обидуваше да и избега на свињата, која постојано трчаше по него.

Новинарот неколку пати се извини, а вклучувањето во живо по помлаку од една минута беше прекинато.

Погледнете:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот