Добро ни дојде ќерко Вероника: Маријан Стојановски стана татко! (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Познатиот пејач Маријан Стојановски преку социјалните мрежи ја сподели веста дека станал татко. 

Тој на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која штркот во лет носи мало бебе,  а како коментар напиша: „Добро ни дојде ќерко Вероника“!

Неговата сопруга Наташа на свет донела здраво женско бебе, тешко 3,5 кг и 52 цм долго. И бебето и мајката се чуствуваат добро.

Инаку Маријан и Наташа пред само неколку недели ја крунисаа нивната љубов со брак, но сетоа тоа беше направено без некаква голема прослава, со оглед на пандемијата со коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот